Доналд Трамп го нарече нападот на плажата Бонди „ужасен“ и „антисемитски“, а воедно го пофали „многу храбриот“ човек кој совлада еден од напаѓачите.
„Сакам да им оддадам почит на сите“, рече американскиот претседател.
„До Австралија и премиерот, сите што ги познаваме многу добро и со кои имаме одличен однос. Она што се случува таму е ужасна ситуација“, додаде тој.
Тој особено го пофали, како што рече, многу, многу храбриот човек кој нападнал еден од напаѓачите и спасил многу животи.
„Голема почит кон човекот што го направи тоа“, додаде тој.
Ахмед го разоружал напаѓачот во Сиднеј
ЕКСКЛУЗИВНО | Моментот кога 43-годишниот Ахмед ал Ахмед херојски му ја одзема пушката на еден од терористите на плажата Бонди, ризикувајќи го сопствениот живот за да спречи понатамошни жртви.
— Čaršija Times (@CarsijaT) December 14, 2025
Австралиските медиуми потврдуваат дека по овој чин Ахмед е хоспитализиран. pic.twitter.com/Bn6ZKnPp77
Цивилот кој физички совлада и разоружа еден од напаѓачите за време на пукањето на плажата Бонди во Сиднеј е идентификуван како 43-годишниот Ахмед ал Ахмед, сопственик на продавница за овошје од предградието Сатерленд.
Како што потврди news.com.au, Ахмед ал Ахмед, татко на две деца, бил сериозно повреден додека се обидувал да го запре напаѓачот. Неговиот братучед Мустафа изјави за 7News дека Ахмед бил погоден со два куршума за време на интервенцијата.
„Тој е во болница и не знаеме точно каква е неговата состојба внатре. Се надеваме дека ќе биде добро. Тој е херој, сто проценти“, рече Мустафа.
Според достапните информации, се очекува Ахмед да биде опериран. Се вели дека немал искуство со огнено оружје и дека се нашол во близина во времето на нападот, но решил да реагира.
Снимките што кружат на социјалните мрежи го покажуваат Ахмед, облечен во бела маица, како се крие зад автомобил на паркинг недалеку од еден од напаѓачите. За време на паузата помеѓу пукотниците, тој одеднаш се стрча кон напаѓачот, го зграпчи одзади за вратот и, по кратка борба, успеа да му го одземе пиштолот.
Потоа напаѓачот паѓа наназад, а Ахмед го насочува оружјето кон него додека тој се повлекува кон мостот, повремено гледајќи назад. Подоцнежните снимки го покажуваат Ахмед како седи на земја додека минувачите му помагаат со повредената нога.





