Поранешниот претседател на САД тврди дека израелското лоби било највлијателно во Вашингтон пред 15 години, но денес тоа е далеку од својата поранешна моќ поради некои демократи, обвинувајќи го лидерот на мнозинството во Сенатот, демократот Чак Шумер
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Израел „мора да ја добие војната во Газа и брзо да ја заврши работата“.
Трамп во интервју за телевизијата Фокс њуз зборуваше за израелските напади врз Појасот Газа и американско-израелските односи.
Тврдејќи дека она што го доживеа Израел на 7 октомври е заборавено, Трамп изјави дека овие напади треба да се паметат и дека Израел треба да биде силен „како порано“ во американската политика.
„Израел мора да ја заврши оваа работа (во Газа, заб.ав.), да ја заврши оваа работа брзо и силно и да се врати во живот бидејќи траеше предолго. Тие мора да победат и да ја завршат работата“, рече републиканскиот политичар.
Од друга страна, Трамп тврдеше дека израелското лоби било највлијателно во Вашингтон пред 15 години, но денес тоа е далеку од својата поранешна моќ „поради некои демократски имиња“.
Обвинувајќи го лидерот на мнозинството во Сенатот, демократот Чак Шумер, кој претходно го нападна израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и рече дека изборите треба да се одржат во Израел, Трамп рече:
„Тие (израелското лоби, заб.ав.) ги немаат поддржувачите што ги имаа некогаш. Дури и Шумер се однесува како Палестинец.“





