Целото семејство е спасено – Чудо во Турција: По 73 часа спасувачите од урнатините извлекле девојче (5) и нејзиното семејство

Во многуте лоши вести од подрачјата погодени од земјотресот, има и добри вести. Тричлено семејство беше извлечено од урнатините во Кахраманмараш, Турција, дури по 73 часа од разорниот земјотрес.

„Спасувачките екипи на градот Сакарија и општината Испарта беа испратени на местото откако се слушна звук од урнатините на седумкатната зграда „Гежде 2“ на булеварот Азербејџан во областа Оникисубат.

По многу работа на екипите, ги пронашле Али Багиш (55), неговата сопруга Зелал Багиш (40) и нивната 5-годишна ќерка Мир Берзан Багиш“, пишуваат турските медиуми.

Здравствените власти посочија дека на сите три жртви од земјотресот им биле извршени прегледи и истакнале дека нивната состојба е добра. Во интервју за Анадолу, семејството Багис им се заблагодари на сите кои учествуваа во спасувачките операции.

„Добро е што постојат. Господ да ги благослови сите. Никој не може да им се оддолжи за добрината што ја прават овие луѓе. Тие спасуваат животи на луѓе. Никој не може да им се оддолжи на нивната напорна работа. Детето беше многу среќно. Моето сочувство за нашата земја. Ние стоиме со наши браќа, тука чука срцето на Турција“, рече градоначалникот Екрем Јуче.

Турските медиуми јавуваат дека гласовите на луѓето заробени внатре се слушаат од неколку урнати згради во регионот. Теренските служби прават се за да стигнат до нив, но времето не им е сојузник. Шансите за преживување се намалуваат од час во час…

Според последните информации, најмалку 16.000 луѓе загинале во серијата разорни земјотреси што во понеделникот ги погодија Турција и Сирија. Се стравува дека оваа бројка значително ќе се зголеми.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости