Турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Урал го објави почетокот на летовите на „Туркиш ерлајнс“ до меѓународниот аеродром во Алепо.
◼️ Летовите се реализираат три пати неделно – во среда, петок и недела.
◼️ Од 15 август, нивниот број ќе се зголеми на пет неделно, а од 1 септември летовите ќе станат секојдневни.
Обновувањето на летовите до Алепо претставува втора фаза од воспоставувањето на воздушниот сообраќај на Турција со Сирија – „Туркиш ерлајнс“ претходно започна со летови до Дамаск.





