Конвој од 165 камиони на турската Црвена полумесечина почна да го преминува граничниот премин Рафах помеѓу Појасот Газа и Египет, се вели во соопштението на организацијата.
Хуманитарната помош вклучува неколку илјади тони храна и е наменета да обезбеди храна за 50 илјади луѓе за еден месец. Акцијата се спроведува во координација со Египетската црвена полумесечина.
Конвојот тргна откако израелските сили дадоа привремена дозвола за внесување хуманитарна помош во опколениот сектор.
Шефицата на организацијата, Фатма Мерик Јилмаз, го осуди гранатирањето што го извршија вчера израелските сили врз седиштето на палестинската Црвена полумесечина во Кан Јунус во јужна Газа.
„Нападите врз хуманитарните работници се кршење не само на меѓународното право, туку и на самото човештво“, рече таа.





