Турција: Одлуката на Израел за Газа е нова фаза на геноцид

Турското Министерство за надворешни работи остро ја осуди одлуката на Израел да ја прошири својата воена операција во Газа, нарекувајќи ја закана за меѓународната безбедност.

Турција најостро ја осудува одлуката на израелската влада да ја прошири својата воена операција во Појасот Газа, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи на 9 август.

„Најостро ја осудуваме одлуката за проширување на воената операција во Газа, што претставува нова фаза од експанзионистичката и геноцидна политика на Израел“, нагласи Министерството.

Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека „секој чекор што го презема радикалната влада на Нетанјаху за продолжување на геноцидот врз Палестинците и проширување на окупацијата претставува тежок удар врз меѓународното право и безбедноста, ја зголемува регионалната нестабилност и ја влошува хуманитарната криза“.

Анкара потсети дека „одржливиот мир во регионот е можен само ако се почитува меѓународното право, дипломатијата е приоритет и се заштитени основните човекови права“.

„Израел мора веднаш да ги запре своите воени планови, да го прифати прекинот на огнот во Газа и да започне преговори во рамките на решението за две држави“, се нагласува во соопштението.

Турското Министерство за надворешни работи, исто така, се обрати до меѓународната заедница и Советот за безбедност на ОН:

„Ја повикуваме меѓународната заедница да ги исполни своите обврски, а Советот за безбедност на ОН да усвои обврзувачки одлуки што ќе ги запрат постапките на Израел што го кршат меѓународното право и хуманитарните вредности.“

„Целта на овој план е да се направи Газа ненаселлива и насилно да се протераат Палестинците од нивната земја. Мора да се вложи решителен заеднички напор против ова“, се вели во соопштението.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости