🇹🇷 ТУРЦИЈА ПЛАНИРА ДА ГИ ЗГОЛЕМИ ИЗДВОЈУВАЊАТА ЗА НАБАВКА НА ОРУЖЈЕ ЗА НЕВЕРОЈАТНИ 229 %

Турција планира драстично зголемување на средствата за набавка на оружје, муниција и вооружени системи, според предлог-буџетот за 2027 година.

Вкупните одбранбени расходи се планирани на околу 45 милијарди долари, односно повеќе од 2,2 билиони турски лири.

За финансирање на структурите за внатрешна безбедност се предвидени дополнителни околу 26 милијарди долари.

Наглото зголемување на средствата е поврзано со забрзувањето на програмите за модернизација на турските вооружени сили и со настојувањето на Анкара да ја опремува армијата со производи од сопствената воена индустрија.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости