(ВИДЕО) Ал Џезира објави нова снимка: Отворен оган врз цивили во Газа, дете од страв ползи по земја

Дописникот на Ал Џезира од Газа, Енес Aл-Шариф, објави вознемирувачко видео на кое се гледа моментот кога се отвора оган врз палестински цивили во близина на центар за дистрибуција на хуманитарна помош во јужниот дел на Појасот Газа.

Меѓу најпотресните сцени е и дете кое ползи по земја, очигледно во паника и страв, додека околу него се слушаат истрели. Снимката ја прикажува суровата реалност на секојдневието во Газа, каде ниту децата не се поштедени од насилството.

Инцидентот се случува во ек на длабока хуманитарна криза, каде илјадници Палестинци секојдневно се обидуваат да дојдат до храна и вода.

Речиси 50 убиени, 200 повредени во израелски оган врз Палестинци кои дошле за хуманитарна помош

⚠️ Предупредување: Видеото содржи сцени кои може да бидат вознемирувачки за некои гледачи.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости