(ВИДЕО) Американскиот претседател Трамп сподели видео од авион Б-2 со песната „Бомбардирајте го Иран“

Американскиот претседател Доналд Трамп по американскиот напад врз нуклеарните постројки на Иран сподели видео од бомбардери Б-2 со песната „Бомбардирајте го Иран“ што се слуша во заднина.

🇺🇸 Трамп сподели видео од авион Б-2 со песната „Бомбардирајте го Иран“ „Одам во џамија. Ќе фрлам камења“.„Време е да го претвориме Иран во паркинг“.🔗 https://carsijatimes.mk/aktuelno/video-amerikanskiot-pretsedatel-tramp-spodeli-video-od-avion-b-2-so-pesnata-bombardirajte-go-iran/

Posted by Čaršija Times on Wednesday, June 25, 2025

 Трамп сподели видео за употребата на авиони Б-2 во американскиот напад врз Иран на својот профил на социјалната платформа Трут социјал, известува Анадолу.

Во објавата се дадени разни кадри на бомбардери Б-2, а во заднина на видеото оди песната „Бомбардирајте го Иран“ од Винс Венс и Валијантс, објавена во 1980 година.

Во песната, покрај зборовите: „Бомбардирајте го Иран. Ајде да заземеме став. Бомбардирајте го Иран. Нашата земја има чувство. Гневот навистина го достигна својот врв, бомбардирајте го Иран“, има и изјави како: „Кажете му на ајатолахот: ‘Тебе ќе те ставиме во ковчег’!“

На 21 јуни американскиот претседател Доналд Трамп објави дека американските авиони Б-2 извршиле воздушни напади врз иранските нуклеарни постројки во Фордо, Натанс и Исфахан, тврдејќи дека во нападите „целосно и потполно ги уништиле“ иранските постројки за збогатување на ураниум.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости