(ВИДЕО) Би-Би-Си се извини за антиизраелските слогани на Гластонбери

На Гластонбери, Боб Вајлан скандираше „Смрт за израелската армија“ од сцената, а публиката аплаудираше. Би-Би-Си се извини и го повлече настапот од емитување.

За време на светски познатиот музички фестивал Гластонбери во Велика Британија, членовите на британската панк-рап група Боб Вајлан извикуваа слогани „Слободна Палестина“ и „Смрт за израелската армија“ од сцената, а им се придружи и дел од публиката.

Ирската рап група „Никап“ исто така изрази поддршка за Палестинците, при што Лиам О’Хана излезе на сцената во палестинска кефија и ја поздрави групата „Палестинска акција“, чии активности властите на Велика Британија планираат да ги забранат. Во својот говор, тој го навреди и премиерот Кир Стармер, кој претходно изјави дека „Никап“ нема место на фестивалот.

Десетици палестински знамиња беа видени во толпата за време на настапот. О’Хана, е веќе под истрага за истакнување знаме на Хезболах на претходен концерт во Лондон, повторно ќе се појави на суд во август.

Би-Би-Си, која го емитуваше фестивалот во живо, не го прикажа настапот на Никап, повикувајќи се на уредувачката политика, но го емитуваше контроверзното шоу на Боб Вајлан во живо. Корпорацијата подоцна соопшти дека нема повторно да го прикаже сегментот, нарекувајќи го „длабоко вознемирувачки“. Генералниот директор на Би-Би-Си, Тим Дејви, беше повикан на итен состанок со секретарката за култура на Велика Британија, Лиза Нанди.

Полицијата на Ејвон и Сомерсет почна да проверува снимки од фестивалот за евентуални прекршувања на законот.

Во меѓувреме, израелската амбасада во Лондон протестираше, нарекувајќи ги забелешките „повици за етничко чистење на Евреите“.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости