(ВИДЕО) Близнаци од Газа се прегрнаа по една година разделба – емотивна средба што трогна многумина

Израелската влада го одобри договорот за прекин на огнот во Појасот Газа, кој официјално стапи на сила во 12 часот.

Припадниците на израелската војска почнаа да се повлекуваат и да се позиционираат по ажурираните линии за распоредување како подготовка за договор за прекин на огнот и враќање на заложниците.

Објавени се слики и видеа на кои се гледа како мештаните полека се враќаат дома, а едно од видеата брзо привлече внимание.

На неа се прикажани палестински близнаци обединети откако биле разделени една година. Нивната прегратка беше повеќе од само прегратка – таа беше исцелување, пркос и потсетник дека дури и во темнина, љубовта и надежта преживуваат.

Да потсетиме дека според договорот што беше постигнат во Египет, израелската армија ќе биде распоредена на 53 проценти од територијата на Газа, по што ќе следи ослободување на заложниците, што треба да се спроведе со одобрение на Хамас.

Во рок од 72 часа, што значи до пладне во понеделник, Хамас ќе ги ослободи 48-те заложници што ги држи, почнувајќи од 20 за кои се верува дека се живи.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости