(ВИДЕО) БУРНИ РЕАКЦИИ ВО ХРИСТИЈАНСКИОТ СВЕТ: Бенјамин Нетанјаху ГО ОМАЛОВАЖИ Исус Христос

Во говорот од синоќа, Нетанјаху рече дека „историјата покажува дека, за жал, Исус Христос нема предност во однос на Џингис Кан. Бидејќи ако сте доволно силни, доволно безмилосни и доволно моќни, злото може да го победи доброто“.

Нетанјаху рече дека ова е толкување на историчарот Вил Дурант, а не негова лична гледна точка.

Голем дел од христијаните ширум светот остро реагираа на изјавата на Бенјамин Нетанјаху, оценувајќи ја како навредлива и несоодветна, особено поради споредбата со Исус Христос. Реакциите доаѓаат од верници, свештенство и јавни личности, кои посочуваат дека ваквиот дискурс ја поткопува духовната и морална основа на христијанството и дека најголем дел од подджувачите на Израел денес се ционистичките христијани.

„Голем следбеник на самиот Исус Христос, Дурант нагласи дека само моралот не е доволен за опстанок“, рече тој, додавајќи дека дури и морално супериорна цивилизација може да падне пред безмилосен непријател ако нема сила да се одбрани.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, исто така реагираше на изјавите, велејќи дека „отворениот презир кон Христос“ на Нетанјаху е неверојатен.

„Ова доаѓа од човек кој во голема мера се потпира на поддршката на христијаните во Соединетите Американски Држави“, додаде тој.

„Неговото неконтролирано величење на Џингис Кан, најлошиот џелат што нашиот регион некогаш го видел, исто така се вклопува во неговиот статус на баран воен злосторник“, рече Арагчи.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости