(ВИДЕО) Две деца во Истанбул вратиле торба со злато вредна 1,3 милиони лири

Во Истанбул, две деца кои шетале по улица пронашле торба со злато во вредност од приближно 1,3 милиони турски лири, односно околу 30.000 американски долари.

Свесни за вредноста на пронајдениот накит, децата веднаш го пријавиле наодот кај локален трговец. Во торбата била пронајдена визит-картичка, која ги одвела до златарницата каде што златото било купено.

Заедно со еден од трговците, децата го доставиле златото во златарницата и му го предале на сопственикот. Сопственикот, наводно, им се заблагодарил за нивниот чесен и одговорен чин и им доделил соодветна награда.

Целиот момент на предавањето бил снимен од безбедносните (CCTV) камери во објектот.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости