Земјотрес со јачина од 6,1 степен вечерва го погоди округот Синдирги во западната турска провинција Баликесир, соопшти Управата за катастрофи и вонредни ситуации на Турција (АФАД).
Според АФАД, земјотресот се случил во 22:48 часот по локално време (19:48 по Гринич), на длабочина од 5,99 километри. Бил почувствуван и во околните провинции, меѓу кои и Истанбул, пренесува Анадолија.
– АФАД и другите надлежни институции започнаа теренски проверки, а извештаите внимателно се разгледуваат, изјави турскиот вицепремиер Џевдет Јилмаз на националната социјална мрежа NSosyal.
📌 Пријавено е дека најмалку 16 згради(кои биле повеќето напуштени) се целосно или делумно срушени.
Според соопштението од Министерството за здравство на Турција, нема информации за повредени или смртни случаи.





