(ВИДЕО) Германија: 12 повредени во напад со нож на железничка станица во Хамбург

Полицијата потврди дека осомничената, 39-годишна жена, е уапсена на местото на настанот веднаш по инцидентот

 – Дванаесет лица се повредени во напад со нож на централната железничка станица во Хамбург, соопштија вечерва германските власти, јавува Анадолу.

Полицијата потврди дека осомничената, 39-годишна жена, е уапсена на местото на настанот веднаш по инцидентот. „Врз основа на нашите моментални сознанија, претпоставуваме дека таа дејствувала сама. Истрагата за причините за нападот е во полн ек“, соопшти полицијата на Хамбург.

https://twitter.com/Kedar_speaks88/status/1925972519795745195

Службите за итни случаи брзо реагираа, пружајќи им медицинска помош на некои од повредените во возот кој чекал на станицата. Портпаролот на службите за итни случаи изјави за јавниот сервис НДР дека тројца повредени се во критична состојба, три лица имаат сериозни повреди, додека шест се здобиле со полесни повреди.

Инцидентот го прекина железничкиот транспорт во еден од најфреквентните транспортни центри во северна Германија. Според „Дојче Бан“, ќе има доцнења и пренасочувања што ќе влијае на возовите на долги релации.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости