(ВИДЕО) Голем број луѓе ги пречекаа активистите во Атина, инспиративниот говор на Грета ги воодушеви присутните: „Ние не сме херои“

Шведската активистка Грета Тунберг и уште 170 активисти од флотилата за Газа пристигнаа во Атина откако поминаа неколку дена во израелско заробеништво. На аеродромот во грчката престолнина, ги пречекаа неколку стотици луѓе кои мавтаа со палестински знамиња и аплаудираа додека излегуваа од авионот.

По пристигнувањето во Атина, Грета одржа краток говор на аеродромот.

„Можев долго, долго да зборувам за малтретирањето и злоупотребите во нашето заробеништво. Верувајте ми, но тоа не е темата на приказната. Израел го ескалира геноцидот и масовното уништување со геноцидна намера, обидувајќи се да збрише цела популација пред наши очи“, рече Грета.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости