Легендата на UFC, Хабиб Нурмагомедов, привлече внимание со својот достоинствен и културен гест за време на изненадувачкото појавување на спортскиот панел на финалето на Лигата на шампионите во Париз.
Кога водителката му пружи рака за ракување, Хабиб со почитено одбивање го објасни својот став – согласно исламските верувања, ракувањето или било каков физички контакт со лице од спротивен пол (освен ако не е блиска роднина – махрем) е забрането.
Овој потег веднаш стана тема на разговор на социјалните мрежи – не како контроверза, туку како пример за доследност и почитување на личните и верски убедувања, без да се навреди другата страна.
🎥 Погледнете го видеото за да го видите моментот и реакцијата на водителката:





