(ВИДЕО) Илјадници фармери протестираа во Брисел за време на самитот на лидерите на ЕУ

Илјадници фармери излегоа на протести во Брисел за време на самитот на лидерите на Европската унија, изразувајќи незадоволство од планираниот договор за слободна трговија меѓу ЕУ-Меркосур, како и поради можни намалувања на субвенциите за земјоделството во идниот буџет на ЕУ.

Демострантите со трактори блокираа сообраќај во околината на Луксембуршкиот плоштад, покрај Европскиот парламент, палат огнови и затвораа патишта. Улиците беа покриени со земјоделски производи, вклучително и компири, кои граѓаните ги собираа од коловозот по судирите со полицијата.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости