(ВИДЕО) Ирански дрон погоди зграда во финансискиот центар на Дубаи: Дали квартот со американски банки е цел?

Ирански дрон денес удри во зграда во Меѓународниот финансиски центар во Дубаи (DIFC), еден од најважните финансиски центри на Блискиот Исток.

Густ облак од чад се издигна над централниот дел од градот, додека системите за воздушна одбрана на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) реагираат на нови ракетни закани.

Голем број сведоци пријавија силна експлозија во близина на зградата „Либерти Хаус“ во рамките на DIFC. Тоа е исклучително важен округ каде што работат бројни големи американски и меѓународни банки.

Канцеларијата за медиуми на Владата на Дубаи го потврди инцидентот, наведувајќи дека остатоците паднале на фасадата на зграда во центарот на градот по воздушното пресретнување.

„Властите потврдуваат дека остатоците од успешното пресретнување предизвикале мал инцидент на фасадата на зграда во центарот на Дубаи. Досега нема пријавени жртви или повредени лица“, соопшти прес-службата, додавајќи дека властите спроведуваат детална истрага за овој настан.

Националната агенција за управување со вонредни состојби, кризи и катастрофи на ОАЕ кратко соопшти дека воздушната одбрана на земјата активно се справува со ракетната закана, но не даде дополнителни детали за обемот на нападот.

Ве потсетуваме дека иранските сили во последно време интензивно напаѓаат цели во земјите од Персискиот Залив, со посебен фокус на американските интереси. Овие напади доаѓаат како директен одговор и знак на одмазда за неодамнешниот заеднички израелско-американски напад врз иранска територија.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости