Поранешниот израелски полковник Еран Лерман во изјава призна дека Израел нема капацитет да се соочи со Турција во директен воен судир.
„Ние воопшто не сме подготвени за војна со толку голема војска како турската, која е втора по бројност во НАТО. Се надевам дека никогаш нема да дојде до тоа,“ изјави Лерман.
Тој нагласи дека иако Израел располага со талентирана и храбра флота, како и предности во воздухот, турските копнени сили се „огромни“ и не би требало да се дозволи директен судир меѓу двете држави.
Лерман посочи дека играта на влијанија ќе продолжи во Сирија во форма на „proxy војни“, но подвлече дека Израел мора да направи сѐ за да избегне директна конфронтација со Турција.





