Чаршија Тајмс е медиум во Македонија што редовно ја отвора оваа важна и често игнорирана тема – односот кон христијаните во Израел. Додека поголемиот дел(ако не и сите?) од медиумската сцена молчи, ние истражуваме, анализираме и споделуваме информации за предизвиците со кои се соочуваат христијаните во Светата земја, во земјата на Исус Христос, во Светиот град – Ерусалим.
Од нападите врз христијаните од сите деноминации и уништувањето на христијански свети места до официјалните политики и законски предлози кои го загрозуваат нивното(христијанско) присуство.

Фактот дека плукањето по христијаните се испостави како „древен еврејски обичај“ кај некои подджувачи на ционистичкиот режим; и начинот на кој Израелците ги поздравуваат христијаните (видео на крајото д текстот); и како еврејските доселеници уништуваат и сквернават христијански гробишта(видеа на крајот од текстот); и какви тематски законски предлози постојат (забрана за проповедање на христијаснтвото во Израел, видео на крај од текстот) во единствената демократска држава на Блискиот Исток.
Има и новинарска истрага за тоа како денес христијаните – дури и оние кои живееле во Ерусалим со генерации – редовно се напаѓани; (видео на крајот од текстот) нивната безбедност (видео на крајот од текстот) и нивниот престој во светиот град се загрозени. (повеќе тука)
Генерално, бројот на христијани во Израел се намалува многу години. За ова има текст и на Би-Би-Си, кој, за жал, не бил интересен за македонските медиуми, па затоа и никој не го пренесол кога истиот бил објавен во Април 2023 година.
🟡 Сето горенаведено е само дел од материјалот, можете да најдете многу повеќе на интернет и на нашиот веб-портал и на други ресурси, што електронски, а има и доста историски книги и сведоштва во минатото и денес.
📺 И сега, познатиот американски новинар Такер Карлсон кого голем дел од македонската јавност добро го запозна послените години, го интервјуираше Пасторот Мунтер Исак од Витлеем за односот на Израел кон христијаните. Судејќи според она што може да се види по коментарите – и од клиповите што кружат на социјалните мрежи – интервјуто е прилично срамно за Израел.
Карлсон во најавата за интервјуто прашува: „Еп. 91 Како владата на Израел постапува со христијаните? На Запад, христијанските лидери не се заинтересирани да го знаат одговорот. Тие треба да бидат. Еве го погледот на еден свештеник од Витлеем.“
✅ Останати видеа што служат како поткрепа за горенапишаниот текст:

Постојат уште многу видеа и слики кои дојдоа до редакцијата на Чаршија Тајмс на оваа тема, но за почеток доволно се само овие неколку.
На крајот, суштината не е во ширење на омраза меѓу религиите, туку во искрено и праведно кажување на вистината, новинарски, блогерски, онака како што доликува на вистински човек.
Новинарите кои зборуваат за исламот и муслиманите треба да ја покажат истата критичка острина и кога станува збор за Евреите – како што тоа го прави Тикер Карлсон со другите теми. Вистинската слобода на говор значи еднаков пристап кон сите прашања, без двојни стандарди и со целосна посветеност на правдата.





