(ВИДЕО) Меѓу уапсените активисти од флотилата во Газа е и еден српски државјанин

Синоќа, израелската армија насилно презеде најмалку 14 бродови кои се дел од хуманитарната флотила за Газа, а активистите на овие бродови беа уапсени. Меѓу нив е и државјанинот на Србија, Огњен Марковиќ.

По неговото апсење, студентите на Факултетот за драмски уметности во Белград објавија видео снимено претходно, во кое Марковиќ објаснува зошто се придружил на флотилата.

„Се викам Огњен и доаѓам од Србија. Ако го гледате ова видео, мојот брод е пресретнат и сум нелегално приведен од израелските окупаторски сили. Ве повикувам да извршите притисок врз Владата на Србија да бара мое итно и достоинствено ослободување и да се стави крај на соучеството во геноцидот“, рече тој.

Марковиќ бил на бродот „Адара“, кој е еден од 14-те што биле насилно преземени од израелските сили во текот на претходната ноќ.

Меѓу заробените бродови е и бродот „Алма“, на кој се наоѓаше шведската активистка Грета Тунберг. Израелските власти објавија дека сите активисти се „безбедни“ и дека се наоѓаат во едно пристаниште, иако не прецизираа на која локација.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости