(ВИДЕО) Момче се обиде да ги нахрани кокошките, настана хаос

Видео од момче кое се обидува да храни кокошки, но набрзо го совлада страв додека целото јато го опкружува, стана вирално и предизвика бројни реакции на интернет. Додека некои ја оценија сцената како симпатична и смешна, други ги критикуваа родителите. Мајката на децата, Ема Томпкинс, се опоравува од скршен глужд на нејзината фарма, па нејзините деца Џенсен и Оукли решија да ѝ помогнат со секојдневните обврски. Но, хранењето на кокошките не одеше според планот.

Клипот покажува како ситуацијата брзо излегува од контрола. Она што започна како сладок момент во кој децата ги хранат кокошките се претвори во хаос кога Јенсен се најде опкружен со кокошки. Преплашен од јатото кое нетрпеливо чекаше храна, тој се расплака, а кога се обиде да избега, кокошките го бркаа.

Мајката Ема се пошегува за ситуацијата во описот на видеото. „Грижата за кокошки очигледно не е за оние со слабо срце. За среќа, постарата сестра беше таму да помогне!“, напиша таа, пофалувајќи ја реакцијата на нејзината ќерка, која се обидуваше да го смири својот помлад брат.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости