(ВИДЕО) 🔥 Најмалку 50 лица загинаа во пожар во трговски центар во ирачкиот град Кут

Најмалку 50 лица загинаа во пожар што избувна во трговски центар, соопшти Мохамед Џамил Мејахи, гувернер на ирачкиот град Кут.

За ирачката официјална новинска агенција ИНА, Мејахи даде изјава во врска со пожарот што избувна во трговскиот центар, соопштувајќи дека има голем број жртви.

Гувернерот на Кут информираше дека во пожарот животот го загубиле најмалку 50 лица.

Мејахи рече дека ќе поднесат тужба против сопственикот на трговскиот центар и дека причината за пожарот ќе ја објават во рок од 48 часа.

Тој истакна дека во градот е прогласена тридневна жалост.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости