Освен што е највисокиот мост, оваа структура е рекорден и водечки мост во однос на распонот меѓу столбовите во планинска област.
Со денешното отворање на мостот, завршен е вистински инженерски подвиг, а изградбата траела три години. Неверојатните 625 метри во висина го прават двојно повисок од Ајфеловата кула, а во однос на распонот, го сруши рекордот што го држеше друг мост во истата покраина, објави новинската агенција Синхуа.
Снимките од дрон, емитувани денес од државните медиуми, покажуваат возила како минуваат низ масивната структура, а нејзините сини потпорни кули делумно се обвиткани во облаци.
Толпи минувачи, вклучувајќи инженери на проектот и локални службеници, се собраа на мостот за церемонијата по повод настанот, а неколкумина ја изразија својата гордост и возбуда во интервјуа во живо со државните медиуми.
Отворањето на мостот носи големи подобрувања на условите за транспорт во овој регион и ќе го скрати времето на патување помеѓу двете страни за два часа.





