(ВИДЕО) Нетанјаху зборуваше две минути за тоа како Израел не го убил Чарли Кирк

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху испрати порака по повод убиството на американскиот десничарски активист Чарли Кирк, нагласувајќи дека тврдењата за вмешаност на Израел во ова злосторство се „монструозна и бесмислена лага“.

Во видео обраќање објавено на мрежата X, Нетанјаху се потсети на зборовите на нацистичкиот министер за пропаганда Јозеф Гебелс:

„Гебелс велеше дека колку е поголема лагата, толку побрзо се шири. Сега некој измисли монструозна голема лага, дека Израел имал некаква врска со ужасното убиство на Чарли Кирк. Ова е лудо. Тоа е лага. Тоа е срамно.“

Премиерот нагласи дека Кирк е меѓу најпосветените пријатели на Израел на американската политичка сцена.

„Чарли секогаш стоеше покрај Израел. Разговаравме многу пати, а неодамна го поканив да го посети Израел. Дури и кога имаше забелешки или изразуваше различни мислења, знаев дека тоа доаѓа од срце – од неговата љубов кон Израел и еврејскиот народ. Тоа беше Чарли, тоа е суштината на слободната земја“, рече Нетанјаху.

Тој додаде дека се шират „одвратни гласини“ и посочи дека тие може да бидат поттикнати од оние кои имаат опсесија или дури и финансиска поддршка од Катар, додека неговите најблиски соработници се соочуваат со критики за наводни плаќања од Катар.

„Чарли заслужува чест, а не лаги“, заклучи Нетанјаху, нагласувајќи дека Израел ќе продолжи да го негува споменот на американскиот активист како искрен и страствен застапник на израелскиот народ.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости