Израел киднапираше дванаесет членови на екипажот на бродот „Мадлин“ кои пловеа во меѓународни води кон Газа, како дел од Коалицијата Флотила на слободата, со цел да достават хуманитарна помош. Четворица од нив – тројца активисти и новинар на Ал Џазира, веќе се депортирани, додека останатите чекаат правни процеси во Израел.
Оваа пловидба е особено значајна поради присуството на јавни личности на бродот, како климатската активистка Грета Тунберг и европратеничката Рима Хасан. Но ова не е прва ваква мисија, иницијативата започна пред 15 години, кога активисти од целиот свет се обидуваа по морски пат да ја пробијат израелската блокада на Газа. Во 2010 година, израелските сили убија десетмина активисти и ранија над 40 на бродот „Мави Мармара“, без да сносат никакви последици.
Додека светот чека какви ќе бидат следните потези на Израел во однос на задржаните членови од оваа година, организаторите на Флотилата повикуваат илјадници бродови да им се приклучат. Истовремено, илјадници луѓе од целиот свет тргнуваат кон Газа по копно, обидувајќи се да ја разбијат блокадата и да достават помош за очајните два милиони жители на Појасот Газа.
Гости во емисијата на Ал Џазира „Контекст“ беа:
Џамал Елшајал, директор на Al Jazeera 360, долгогодишен новинар и учесник на Флотилата во 2010 година
Јасмин Реџепи, претседател на НВО ЛЕГИС од С. Македонија и исто така учесник на Флотилата
Хасан Џабарин, палестински адвокат за човекови права и основач на правната организација „Адалах“, која ги застапува уапсените активисти
Оваа отворена агресија во меѓународни води не е само напад врз активистите, туку и директен предизвик за меѓународното право.





