(ВИДЕО) Оперирале човек кога се случил силен земјотрес: Погледнете ја реакцијата на јапонските хирурзи

Снимките од безбедносните камери од болница во Кумамото, Јапонија, го снимија моментот кога силен земјотрес со јачина од 7,1 степени ја погоди операционата сала за време на процедура. Видеото ги прикажува хирурзите како ги користат своите тела за да го заштитат пациент додека сè околу нив се тресе, а опремата лета низ собата.

Постапката ја завршиле и покрај земјотресот што ги исфрли хирурзите и медицинските сестри низ собата.

Видеото од 28 јули ја прикажува собата како силно се тресе, а силата на земјотресот во еден момент го фрлила дел од медицинскиот тим на другата страна од собата. Двајца лекари цврсто ја држат операционата маса за да го заштитат пациентот во секое време, додека светлата трепкаат, а остатокот од тимот се обидува да ја одржи рамнотежата. Еден од нив паѓа на подот додека се обидува да ја задржи опремата што се движи.

Погледнете го видеото.

Според извештаите на јапонските медиуми, хирурзите ја продолжиле операцијата откако земјата се смирила и успешно ја завршиле. Болницата продолжила со редовните операции на 5 август.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости