(ВИДЕО) Осомничениот за смртта на жената во Капиштец се фалел со опасно возење

Саит Саити, осомничен за смртното прегазување на 79-годишната Љуба Јаковлеска во скопската населба Капиштец, на социјалните мрежи објавувал видеа на кои се гледа опасно и брзо возење, иако немал возачка дозвола.

На неговите профили се појавуваат снимки од управување возило низ градска средина, како и видеа со екстремно брзо возење. Во една објава од 2024 година, кога имал 17 години, се гледа возење по автопат со брзина од околу 180 километри на час. Дел од содржините прикажуваат и автомобил „Фолксваген Пасат“, ист модел каков што, според МВР, бил користен и на денот на трагедијата.

Несреќата се случила кога Саити, управувајќи без дозвола и со неприспособена брзина, удрил во пешакот Јаковлеска, која од здобиените повреди подоцна починала. По ударот, осомничениот не ѝ укажал помош и го напуштил местото на настанот.

По него е распишана централна и меѓународна потерница по барање на Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомнение за тешки дела против безбедноста во сообраќајот. Истрагата утврдила дека тој со помош на други лица ја напуштил државата, по што се приведени и лица осомничени за помагање.

Случајот предизвика силни реакции во јавноста, особено поради фактот што станува збор за младо лице кое, според објавите на социјалните мрежи, подолг период демонстрирало опасно и неодговорно однесување во сообраќајот.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости