Блиско-источниот дописник на норвешката телевизија NRK, Јама Воласмал, се соочува со израелскиот екстремистички пратеник Боаз Бисмут, висок член на партијата Ликуд на Нетанјаху и гласен бранител на израелската влада.
Во ова ретко и жестоко интервју со израелски пратеник, Воласмал го предизвикува Бисмут за клучни прашања, меѓу кои:
-
воената стратегија и целите на Израел во Газа,
-
меѓународните обвинувања за воени злосторства и геноцид од Амнести Интернешнл, ОН и водечки истражувачи за геноцид,
-
реториката на министрите во израелската влада,
-
хуманитарната криза и таргетирањето на новинари.
Бисмут ги брани постапките на неговата влада, претставувајќи ја војната како борба за опстанок по нападите на 7 октомври и ги враќа обвинувањата назад кон интервјуерот.
Тој е пратеник на ‘единствената демократија на Блискиот Исток’. Ако вака изгледа демократијата, тогаш е навистина жална сликата за таа држава.
ВИДЕО:





