(ВИДЕО) Поранешниот израелски претседател открива: Екстремистичките еврејски групи се обидоа да ја урнат Ал-Акса најмалку пет пати

Поранешниот привремен израелски претседател и претседател на парламентот, Авраам Бург, беше гостин во емисијата „Такер Карлсон“ и откри дека имало најмалку пет обиди за уривање на Ал-Акса од страна на разни екстремистички еврејски групи во Израел.

Во делот од емисијата што се фокусираше на идејата на некои еврејски групи за потребата од изградба на нов храм на ридот каде што се наоѓаат џамијата Ал-Акса и Куполата на карпата.

Кога Карлсон го прашал: „Колку е важна реставрацијата на Храмот за луѓето за кои зборувате, владините министри, рабините кои не зборуваат против она што се случува на окупираните територии? Дали навистина има обид да се направи ова?“

„За обичните луѓе? Не за рабините, не за посветените поединци, туку за масите, тоа е ирелевантно прашање. Тоа е како… да речеме, како Дизниленд во Орландо. Добро, правете што сакате таму, само оставете нè на мира. Значи, за масите, тоа не е проблем. Од друга страна, од 1967 година, имало најмалку пет , можеби и повеќе, обиди за отстранување на џамиите од Храмовата Гора од страна на тие групи. Тоа значи, кога зборуваме за ова прашање, не е прашање на бројки на оние кои го поддржуваат рушењето на џамиите и обновата на храмовите, туку на посветеноста, подготвеноста и фанатизмот на оние кои се подготвени да дејствуваат“, рече Бург.

Бург го наведе најпознатиот случај од 80-тите, кога таканареченото „еврејско подземје“ се обиде да испланира напад.

Тој изјави дека иако биле испратени во затвор, повеќето од овие луѓе по неколку месеци или неколку години добиле политички договор и биле ослободени. Некои од нив, ако не и многу, станале истакнати јавни личности во Израел, уредници на големи весници, советници на министри, членови на Кнесетот. Тие се вратиле во општеството без стигма, без изолација.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости