(ВИДЕО) Пратеникот Сали Мурати на Телма: Минималната плата, пензиите и платите во образование, здравство и безбедност мора да растат според уставниот принцип за достоинствен живот

Пратеникот Сали Мурати вечерва гостуваше во пренос во живо на телевизија Телма, каде што зборуваше за актуелните економски и социјални предизвици во земјата.

Според него, минималната плата, исплатите на минимална пензија, другите социјални надоместоци, како и платите на вработените во клучните сектори – образование, здравство и безбедност – мора итно да се зголемат на начин што ќе обезбеди хуман и достоинствен живот за граѓаните.

May be an image of one or more people, television, newsroom and text that says "T Жи жиBи τΕς EM A ንሚኑን ΑΕΜΑ A n nOn ΙOn 7 EMA "EMA LEMA TEMA BEO"

„Ова не е само економско прашање, туку уставно право. Секој граѓанин има право на соодветен приход кој гарантира хуман живот“, истакна Мурати.

Тој нагласи дека ќе продолжи неуморно да ги брани интересите на граѓаните и на нацијата на секоја доступна платформа, со истата решителност и ентузијазам.
Пратеникот упати и благодарност до телевизија Телма за поканата за гостување и за можноста да ги изнесе своите ставови пред јавноста.

Сали Мурати е пратеник во Собранието на Република Северна Македонија од редовите на Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија, дел од коалицијата Европски фронт, и поранешен претседател на Уставниот суд.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости