(ВИДЕО) Претседателот на Колумбија пред ОН повика на формирање меѓународна армија што ќе ја ослободи Палестина

Колумбискиот претседател Густаво Петро го повика Глобалниот Југ да состави меѓународна армија за „ослободување на Палестина“ и одбрана од „тиранијата и тоталитаризмот“ што ги промовираат САД и НАТО.

Во својот говор пред Генералното собрание на Обединетите нации, Петро ги повика земјите „кои не го прифаќаат геноцидот“ да соберат „вооружени сили за да ги одбранат животите на палестинскиот народ“.

„Ни треба силна армија од земји кои не прифаќаат геноцид. Затоа, повеќе од сè, ги повикувам народите во светот и нивните народи, како составен дел од човештвото, да соберат оружје и армии. Мора да ја ослободиме Палестина. Ги повикувам армиите на Азија, големите словенски народи кои го победија Хитлер со голем хероизам и латиноамериканските армии на Боливар. Доста зборови, време е за мечот на слободата или смртта на Боливар“, рече претседателот, нагласувајќи дека „тие нема да бомбардираат само Газа, не само Карибите како што веќе прават, туку целото човештво кое бара слобода“.

„Вашингтон и НАТО ја убиваат демократијата и помагаат во оживувањето на тиранијата и тоталитаризмот на глобално ниво. Мораме да го подигнеме црно-црвеното знаме на слободата или смртта што го крена Боливар, без да го заборавиме белото, кое тој го крена заедно со црвено-црното, а е боја на мирот и надежта за живот на земјата и во срцето на човештвото“, рече претседателот на Колумбија.

Повикот на Петар за вооружена интервенција во Палестина се надоврза на сличен повик од претседателот на Индонезија, Прабово Субианто, кој рече дека неговата земја е подготвена да обезбеди 20.000 војници за вооружени сили што би можеле да бидат распоредени во Газа.

Делегацијата на Соединетите Американски Држави ја напушти салата на Генералното собрание во очигледен знак на протест против критиките на претседателот кон неговиот американски колега, Доналд Трамп.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости