Во населбата Залик во Мостар синоќа околу 20 часот се случил обид за грабеж на продавница. Храбра продавачка успеала да го спречи напаѓачот, кој бил вооружен со автоматска пушка.
Снимките од безбедносните камери покажуваат маж во црна јакна кој влегува во продавницата, а потоа вади автоматска пушка од јакната.
Sigurnosna kamera zabilježila je trenutak kada je prodavačica u Mostaru spriječila oružanu pljačku⤵️ pic.twitter.com/Mybt6oR5ah
— Anadolu BHSC (@aa_balkans) March 25, 2026
Полицијата трага по сторителот.
Продавачката му се спротивставила и застанала пред него, по што следело туркање и борба за оружје. Откако паднале на подот, разбојникот ја удрил неколку пати во главата, но таа не се откажала.
За време на конфликтот, имало рафална стрелба, но според достапните информации, нема повредени, пишува Klix.ba.
Полицајци од Полициската управа во Мостар пристигнале на местото на настанот, извршиле увид на лице место и преземаат мерки за утврдување на идентитетот на сторителот.





