⚡️Поранешен ученик во училиште на истокот на Турција зел ученици како заложници – и извршил самоубиство, јавуваат медиумите.
Тинејџерот отворил оган во дворот на образовната установа, а потоа влегол внатре и ранил 18 лица, меѓу кои и наставник.
Што уште е познато за пукањето и заложничката драма во турскиот град Сиверек:
– 17-годишно момче со пумпарка (пушта со рачно полнење) влегло во средно училиште во Шанлиурфа;
– Четворица повредени се во критична состојба и им се укажува медицинска помош;
– Поголемиот дел од учениците биле веднаш евакуирани, по што специјалните сили спровеле операција за ослободување на заложниците.
Видеото може да го погледнете ТУКА





