(ВИДЕО) САД: Републиканска кандидатка со отворен повик за протерување на муслиманите – Куранот гори во нејзиното видео

Во САД избувна голем скандал поради кампањата на 26-годишната републиканска кандидатка од Тексас, Валентина Гомез, која во ново објавено видео го запали Куранот со пламенофрлач и испрати серија закани и навреди кон муслиманите.

👉 „Вашите ќерки ќе бидат силувани, а вашите синови обезглавени, освен ако не го запреме исламот еднаш засекогаш“, порача Гомез уште на самиот почеток од видеото, пред да ја запали светата книга.

Во продолжение, пред скандирања „Алелуја“, таа ветува дека ќе ги депортира муслиманите или ќе ги натера да ја напуштат Америка:
👉 „Тие терористи муслимани можат да се … со која било од 57-те муслимански нации. Постојат само еден вистински Бог, а тоа е Богот на Израел.“

Со овие пораки, Гомез не само што директно се заканува на муслиманите во САД, туку индиректно ги предизвикува и сојузниците на Вашингтон на Блискиот Исток – како Саудиска Арабија – а во исто време ги таргетира и Иран и Палестина.

Гомез гордо тврди дека нејзината кампања е „водена од Исус Христос“, претставувајќи ја својата политичка борба како крстоносна мисија.

🔴 Овој настап предизвика лавина реакции и жестока дебата на интернет. За многумина, ваквата реторика е пример за радикален ксенофашизам во САД, каде што омразата и повиците за насилство се користат како изборна платформа.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости