Снимките снимени на врвот на сириската револуција во затворот Седнаја повторно циркулираат на интернет. Бунтовниците провалуваа во ќелиите, викајќи им на затворениците:
„Излезете! Режимот на Башар ал-Асад падна – нека оди во пеколот!“
Видеото ги прикажува опозициските борци како ги отвораат железните врати и преплашените затвореници прашуваат: „Дали треба да ги покажеме нашите документи?“
Им се вели: „Нема документи – спасете си ги животите!“
Затворот Седнаја со години беше симбол на еден од најмрачните и најкрволочни апарати на терор на Блискиот Исток – нацистички тоталитарниот и терористички режим на Башар ал-Асад, човек кого неговите противници го опишуваат како „шиитски крволочник“ што систематски ги уништуваше сопствените граѓани. Во овие ѕидови исчезнаа илјадници политички противници, активисти, новинари и обични цивили, без трага и без правда.
Меѓународните организации јасно нагласија дека Седнаја претставуваше најекстремен и најмонструозен пример на државен терор во 21 век – вистинска фабрика за исчезнување, тортура и систематско уништување на луѓе. Повторното појавување на снимките од внатрешноста на овој затвор брутално ја потсетува светската јавност на вистинските размери на репресијата, мачењата и масовните злосторства што нацистичкиот тоталитарен режим на Башар ал-Асад ги спроведуваше со децении.





