(ВИДЕО) Трагедија кај брегот на Индонезија: Тројца загинати, стотици спасени по пожар на брод

 Најмалку три лица загинаа, а околу 150 патници се спасени откако избувна пожар на бродот KM Barcelona VA во близина на островот Талисе, Индонезија.

Според извештаите на неколку индонезиски медиуми, како и државната новинска агенција Xinhua од Кина, паниката настанала кога бродот бил зафатен од оган, при што патниците биле принудени да скокаат во морето за да си ги спасат животите.

🔴 „Три лица се мртви, а околу 150 се спасени. Спасувањето беше изведено од заеднички спасувачки тим и локални рибари,“ изјави Вери Аријанто, висок службеник од Покраинскиот завод за потрага и спасување, во изјава за Xinhua.

Причините за пожарот сè уште не се познати, а истрагата е во тек.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости