Гостин: д-р Јахја Мухасиловиќ – еден од најдобрите познавачи на турската надворешна политика на Балканот, професор по меѓународни односи и аналитичар за Блискиот Исток.
Во ова интервју Горан Димитриески разговара со д-р Мухасиловиќ за низа клучни прашања поврзани со глобалната улога на Турција и промените во геополитиката:
-
Зошто на Александар Вучиќ и дел од српскиот политички спектар им пречи Отоманската историја и современото турско влијание?
-
Како Турција ги позиционира своите односи меѓу САД и Русија?
-
Прашањето за Ујгурите и односите меѓу Анкара и Пекинг.
-
Војната во Сирија и можноста за нормализација на односите меѓу Анкара, Ријад и Дамаск.
-
Улогата на Турција во Судан, Либија и Источен Метидеран.
-
ИСИС, ПКК и регионалните безбедносни и идеолошки пресметки на Блискиот Исток.
-
Дали Ахмед Ал-Шара е турски проект, западна конструкција или сè уште енигма во политичкиот мозаик на идната Сирија?
-
Можното приближување или дистанца во идните односи меѓу Сирија и Израел.
-
Колку е силно турското политичко, културно и духовно влијание на Балканот.
-
Моќта на грчкото и израелското лоби во САД и како преку Конгресот и стратешките партнерства влијаат врз турско-американските односи, продажбата на оружје, дипломатскиот притисок и регионалните сојузништва.





