(ВИДЕО) Турција ја претстави GAZAP – најмоќната конвенционална бомба досега

🇹🇷 На интернет се појавија ексклузивни снимки од тестирањето на новата турска авионска бомба GAZAP, која важи за најразорната конвенционална бомба досега произведена во Турција.

✅ Разорна моќ од 2000 фунти(бомбата има тежина од речиси еден тон)

GAZAP има тежина од 2000 фунти (приближно 970 килограми) и претставува нов чекор во развојот на турската воена индустрија.

✅ 10.000 смртоносни фрагменти

Во внатрешноста на бомбата се наоѓаат околу 10.000 метални честички, кои при експлозијата се распрснуваат со екстремна сила и брзина. Според турските извори, тоа значи дека по експлозијата, на секој квадратен метар паѓаат околу 10,6 честички – три пати повеќе отколку кај стандардната MK 84.

✅ Домашно производство

GAZAP е целосно развиена од турската одбранбена индустрија и се смета за клучен чекор кон самостојност во стратегиското вооружување.

📹 Погледнете го видеото од тестирањето тука:

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости