(ВИДЕО) Успешна трансплантација: Лекарите во Италија му соопштија на момчето дека ќе добие ново срце

Детската болница „Бамбин Гесу“ во Рим објави емотивно видео од момче кое дознало дека по година и пол чекање ќе има можност за трансплантација на срце.

На видеото објавено од болницата, може да се види како лекар и бројни болнички вработени доаѓаат во неговата соба и му кажуваат дека пристигнало новото срце.

„Срцето пристигна“, објавија набрзо лекарите.

Момчето Пјетро реагираше исклучително емотивно и ги прегрна присутните, а неговите родители, кои беа во собата со него, исто така беа воодушевени од веста.

Пјетро беше едно од двете деца (другото има 6 години) кои долго време беа на листата на чекање за трансплантација. Дарежливоста на семејствата на уште две деца, нивни врсници, го направи сонот реалност. Операциите, извршени на 18 и 20 декември, поминаа добро, а децата, по неколку дена во медицински предизвикана кома, се целосно „разбудени“.

Трансплантациите ги извршија два различни тима за кардиохирургија, предводени од докторите Лоренцо Галети и Адријано Кароти.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости