Според изворот, реакцијата на Мадуро јасно покажала дека тој немал намера сериозно да ги разгледа предлозите на Вашингтон.
„Њујорк тајмс“ исто така објави, повикувајќи се на американски функционер, дека американските разузнавачки агенции извршиле сајбер напад врз енергетскиот сектор на Венецуела, прекинувајќи ја електричната енергија во значаен дел од Каракас за да го прикријат пристигнувањето на американските авиони.
Според извештаите, прекинот на електричната енергија им овозможил на повеќе од 150 воени авиони и хеликоптери, вклучувајќи беспилотни летала, ловци и бомбардери, кои полетале од 20 различни американски поморски бази и бродови, да ги извршат своите борбени мисии.
Оваа информација доцна синоќа ја потврди американскиот сенатор Линдзи Греам, кој рече дека Мадуро „можел да биде во Турција, но е во Њујорк“ и дека ќе било подобро ако ја прифател понудата.
Сенатор Греам:
— Čaršija Times (@CarsijaT) January 5, 2026
„Мадуро би можел да биде во Турција токму сега. Но, тој е во затвор затоа што погрешно го проценил Трамп.“ pic.twitter.com/n6YCRC3th9





