(ВИДЕО) Вучиќ и Нетанјаху се сретнаа во Њујорк, израелскиот премиер се заблагодари за поддршката

Српскиот претседател Александар Вучиќ и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се сретнаа во Њујорк, каде што двајцата учествуваат на 80-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации.

Како што соопшти кабинетот на израелскиот премиер, Нетанјаху му се заблагодари на Вучиќ за неговата „непоколеблива поддршка“ за оваа земја.

Посебен акцент беше ставен на заложниците во Газа, од кои еден е Алон Охел, кој покрај израелскиот, има и српски пасош.

„Нетанјаху му го сподели на Вучиќ и разговорот со родителите на Охел откако Хамас го објави неговото видео од Газа“, беше објавено.

Исто така, беше кажано дека двајцата лидери разговарале за продлабочување на економската и безбедносната соработка меѓу Србија и Израел.

Освен со Вучиќ, Нетанјаху во Њујорк се сретна и со претседателите на Парагвај и Аргентина.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости