(ВИДЕО) ЗАКАНУВАЧКА ПОРАКА НА ПУТИН „Новиот систем „Орешник“ може да ги погоди ЦЕЛИТЕ НИЗ ЕВРОПА, почнува сериското производство“

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ќе продолжи да врши тестирања на ракетниот комплекс „Орешник“, како и дека паралелно се вршат тестирања на неколку други слични системи.

Тој нагласи дека Русија ќе продолжи со тестирање на најновите ракети, меѓу другото, во борбени услови. Зборувајќи за системот „Орешник“, Путин рече дека тој не претставува модернизација на старите системи, туку дека е модерен, најнов производ. Тој додаде дека системот Орешник може да погоди цели низ цела Европа.

– Одлуката за масовно производство на таа ракета е веќе донесена , рече Путин, додавајќи дека Русија има залихи на тие системи.

Владимир Путин му честиташе на раководството на Министерството за одбрана за успешното тестирање на системот Орешник. Тој нагласи дека сите задачи од специјалната воена операција ќе бидат остварени и исполнети.

– Ракетниот систем „Орешник“ е уште една гаранција за рускиот суверенитет и територијален интегритет – рече Путин.

Путин вечерва одржа средба со раководството на Министерството за одбрана и претставници на одбранбената индустрија.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости