Во Малезија, мажите муслимани кои ќе ги пропуштат петочните молитви се соочуваат со затворски или парични казни

Според новиот закон што ќе стапи на сила во државата Теренгану, мажите кои ќе ги пропуштат молитвите без оправдана причина ќе бидат казнети со затвор до две години и парична казна.

Според шеријатскиот закон во малезиската покраина, лицата кои за прв пат ќе го сторат тоа кривично дело можат да бидат затворени до две години и казнети со 3.000 рингити (600 долари) или и двете, според новите правила што стапија на сила оваа недела.

Новите правила ги објави владејачката Пан-малезиска исламска партија (ПАС) во понеделник. Претходно, оние кои ќе пропуштија три последователни петочни молитви се соочуваа со максимум шест месеци затвор или парична казна до 1.000 рингити (200 евра).

Верниците ќе бидат потсетувани на правилата од знаците во џамиите, додека нивното спроведување ќе се потпира на извештаи од јавноста и верските патроли во заеднички операции со Одделот за исламски работи во Теренгану.

Критичарите ги опишаа мерките како „шокантни“, пишуваат…Гардијан.

„Ваквите закони му даваат лоша репутација на исламот“, рече Фил Робертсон, директор на Азиските адвокати за човекови и работнички права (AHRLA), објавува Телеграф.

„Слободата на религија и верување исто така значи слобода да не се верува или да не се учествува, па затоа властите во Теренгану отворено ги злоупотребуваат човековите права со овој драконски закон“, рече тој, додавајќи дека премиерот Анвар Ибрахим треба да ги поништи казните.

Членот на законодавното собрание на државата Теренгану, Мухамед Калил Абдул Хади, изјави за локалниот дневен весник Берита Хариан дека казните ќе бидат наметнати само како последно средство.

„Ова потсетување е важно бидејќи петочните молитви не се само религиозен симбол, туку и израз на верувањето кај муслиманите“, рече тој.

Законодавството првпат беше донесено во 2001 година и изменето во 2016 година за да вклучи построги казни за кривични дела како што се непочитување на Рамазан и вознемирување на жени на јавно место.

Малезија, каде што мнозинството од населението е муслиманско, има двонасочен правен систем, во кој исламот е официјална религија, но функционира заедно со граѓанското право.

Шеријатските судови имаат надлежност над личните и семејните прашања на муслиманите, кои сочинуваат околу две третини од населението на земјата од 34 милиони жители.

Неодамнешните случувања во Теренгану ја истакнуваат тековната борба помеѓу религиозното владеење и граѓанската слобода.

Пан-малезиската исламска партија (ПАС), која владее со Теренгану, се обиде да го заостри спроведувањето на религиозните закони во четири од 13-те малезиски држави што ги контролира.

Партијата ги држи сите 32 места во законодавното собрание на Теренгану, не оставајќи никаква опозиција.

Во 2021 година, соседната држава Келантан се обиде да го прошири својот шеријатски кривичен закон за да вклучи кривични дела како што се содомија, инцест, коцкање, сексуално вознемирување и сквернавење на места за богослужба.

Федералниот суд на Малезија ги поништи законите во 2024 година, прогласувајќи ги за неуставни, во одлука што предизвика масовни протести од поддржувачите на ПАС, кои повикаа на заштита на шеријатскиот закон.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости