Во живо:Нема откажување во потрагата по преживеани во Туркије и Сирија

Чудата продолжуваат да се случуваат и по 9 дена од земјотресите во Туркије се извлекуваат преживеани од под урнатините

08:30 Браќа извлечени живи од урнатините во Кахраманмараш 198 часа по разорните земјотреси

Двајца браќа, Мухамед Енес Јенинар (17) и Баки Јенинар беа спасени во Кахраманмараш, 198 часа по смртоносните земјотреси.

18-годишниот Мухамед Кафер Четин, исто така, беше спасен во провинцијата Адијаман 198 часа по земјотресите.

Најмалку 31.643 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што ја погодија јужна Туркије на 6 февруари. Повеќе од 80.000 други беа повредени.

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени, со епицентар во провинцијата Кахраманмараш, погодија повеќе од 13 милиони луѓе во 10 провинции, вклучувајќи ги Хатај, Газиантеп, Адијаман, Малатија, Адана, Дијарбакир, Килис, Османије и Шанлиурфа.

Неколку земји во регионот, вклучувајќи ги Сирија и Либан, исто така ги почувствуваа силните потреси што ја погодија Турција за помалку од 10 часа.

08:10 Русија: Повеќе од 300 војници и помагаат на Сирија да се опорави од земјотресот

Според руското Министерство за одбрана, повеќе од 300 руски војници и 60 единици на специјална воена опрема се вклучени со цел да и помогнат на Сирија по разорниот земјотрес што се случи пред повеќе од една недела.

„Службениците на руската група сили продолжуваат да вршат активности за расчистување на урнатините и елиминирање на последиците од земјотресите“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на апликацијата Телеграм во вторникот кое се однесува на руските сили стационирани во Сирија.

Режимските медиуми соопштија дека 1.414 луѓе загинале во областите во земјата контролирани од режимот. Белите шлемови соопштија дека 3.167 луѓе загинале во областите под контрола на опозицијата, со што вкупниот број на загинати во Сирија е 4.581. Меѓутоа, руските сили успеаја да им помогнат само на оние во областите под контрола на режимот.

08:00 Мексико му оддава почит на Протео: Kучето херој кое загина во Туркије

Мексико му оддаде почит на военото куче за спасување кое загина додека трагаше по преживеани под урнатините од земјотресот во Туркије.

Министерот за одбрана Луис Кресенсио Сандовал ја објави смртта на германскиот овчар наречен Протео на прес-конференција на претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор во понеделникот.

TRT Balkan

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости