„Волстрит журнал“: Трамп го промени ставот кон Зеленски поради успесите на Украина на бојното поле

Американскиот претседател Доналд Трамп станал попозитивно настроен кон украинскиот претседател Володимир Зеленски, откако бил импресиониран од неодамнешните успеси на Украина на бојното поле, особено од нејзината ефикасност во користењето дронови и отпорноста против Русија.

Подобрените односи следуваат по повеќемесечните напори на Зеленски и европските лидери, откако претходно односите меѓу двајцата беа затегнати.

Според весникот, Трамп, кој порано сметал дека Украина ќе ја загуби војната и го критикувал Зеленски, сега го гледа како посилен лидер, а воедно станал и поскептичен кон Владимир Путин.

Трамп, исто така, покажал интерес за украинската одбранбена технологија, вклучително и производството на дронови, како и за соработка во производството на ракетите „Патриот“.

Извор: „Волстрит журнал“ (WSJ)

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости