На 28 септември, маж со автомобил влегол во црква во државата Мичиген, а потоа отворил оган врз верниците.
Осомничениот е идентификуван како Томас Џејкоб Санфорд, 40, поранешен американски маринец. Тој живеел во Бартон, во близина на местото на нападот. За време на нападот, на неговиот камион имало две американски знамиња. Тој бил автомеханичар во армијата и работел во одделот за техничко одржување. Мотивот сè уште е непознат – истрагата ги испитува неговите лични уреди, домот, врските и други докази.
- Полицијата го застрелала и убила терористот, идентификуван како 40-годишен маж во близок град во Мичиген.
Чаршија Тајмс ги осудува ваквите постапки и се надеваме дека невини луѓе нема повторно да страдаат во слични терористички напади





