🎓 Речиси 700 студенти на Универзитетот во Лајпциг направија историски чекор за Германија, гласајќи речиси едногласно за прекин на сите врски со израелските академски институции поради војната во Појасот Газа. Настанот има силно симболично значење, бидејќи Лајпциг со децении се сметаше за едно од упориштата на движењето „Antideutsche“, познато по својата силна поддршка за Израел.
📜 Усвоените барања го повикуваат раководството на универзитетот официјално да ја осуди израелската воена кампања и да го признае, како што наведуваат студентите, „схоластицид“ (анг. scholasticide) – систематско уништување на образовни институции, професори и студенти во Газа.
🏛️ Раководството на универзитетот се обидело да го спречи гласањето со тоа што во последен момент не обезбедило простории за одржување на Генералното собрание. Ректорката Ева Инес Обергфел изјавила дека иницијативата ја ограничува академската слобода и има пристрасен карактер.
🗳️ Сепак, Студентскиот совет ги отфрли овие обвинувања, наведувајќи дека собранието било свикано легитимно со повеќе од 1.300 потписи, над потребниот праг. На крајот, гласањето било успешно одржано во дворот на универзитетот.





