🇷🇺 Захарова: „Најстрашната реченица што сум ја слушнала – изјава на потомок на нацисти“

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, силно реагираше на спорната изјава на германскиот канцелар Фридрих Мерц во врска со конфликтот на Блискиот Исток.

„Израел ја врши валканата работа за целиот свет“ – изјави Мерц, што Захарова ја оцени како „најстрашната реченица што некогаш сум ја слушнала или замислила.“

🇩🇪 Мерц:„Израел ја врши валканата работа за целиот свет.Можам да кажам дека имам големо почитување за фактот што израелската армија и израелското раководство се толку храбри да го направат ова.“

Posted by Čaršija Times on Tuesday, June 17, 2025

Захарова потсети на семејното потекло на германскиот лидер, нагласувајќи дека „вреди да се спомене дека Мерц е потомок на дедо нацист кој именувал улици по Хитлер и Гебелс, а неговиот татко бил член на Вермахтот.“

Оваа размена доаѓа во време на зголемена чувствителност околу улогата на Западот во израелско-палестинскиот конфликт, особено во контекст на историската одговорност на Германија.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости